МАКЕДОНИЈА

Граѓани го посетија кабинетот на претседателот Пендаровски

Во рамки на активноста Отворен Кабинет денеска кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, го посетија граѓани кои имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

Гостите, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, се запознаа и со дел од вработените и биле информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите што се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Денешниот настан е во рамки на Отворен Кабинет, активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот. 

Поврзани вести

Група од 130 лекари на кофинансирана специјализација за утре најавија протест пред Министерството за здравство

аев: Низ партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците околу откупот на земјоделските производи

Сугарески: Планирана е изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од 450 километри

Села: Венецијанската комисија треба да ни кажува добри пракси за јазични права од земјите членки на ЕУ

Тимоние: Сега е на лидерите на ЕУ да разговараат меѓу себе за да ги сменат правилата на игра

Maja_Serafimova

Филипче: Апелирам да нема собири во игротеки, како што беше случај со морбилите

Влатко Зорба