МАКЕДОНИЈА

Граѓаните гледаат најголема причина за загадувањето во горење и фрлање на отпад

Горењето и фрлањето на отпад, фабриките и индустријата, како и греењето и затоплувањето според граѓаните се најголемите загадувачи на воздухот. Ова го покажува анкетата на емисијата „Детектор“, а која ја има изготвено Институтот за политички истражувања Скопје.

Анкетата покажува дека 22,9% од граѓаните велат дека во нивното населено место најголема причина за загадениот воздух е горењето и фрлањето на отпад, 22% сметаат дека главни причинители на загадувањето се индустриските капацитети додека 21% греењето на домовите. Осумнаесет и пол отсто рекле дека најмногу загадува транспортот а 7,1% градежништвото. Речиси 19 проценти од испитаниците рекле дека во нивното населено место нема загадување.

Во споредба со анкетата која на истата тема ја презентираше „Детектор“, а исто така беше изготвена од ИПИС минатата година во јануари, граѓаните имаат сосема различно мислење за главната причина за загадувањето.

Ако во јануари лани дури 31% од анкетираните сметале дека автомобилите се најголема причина за загадување, една година подоцна ваков став имаат само 18,5%. Значително пораснал бројот на граѓани кои мислат дека главна причина за загадувањето се фабриките, од 13,6% во јануари лани, на 22% во анкетата од оваа година. Кај останатите потенцијални загадувачи нема некоја значителна промена во перцепцијата на граѓаните.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за потребите на Детектор е спроведена телефонски во периодот 8 до 11 јануари годинава врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници.

Поврзани вести

Спасовски: Имаше негативни коментари за покачување на платите на лекарите и полицијата, сега тропаме на нивната врата за помош

Viktor Jovanov

Серијата која требаше да биде привиден спас за Груевски: Не e снимена ниту една епизода, а потрошени се 800.000 евра

Никола Поповски

Владата го демантира ВМРО-ДПМНЕ: ДУРА е веќе оперативна и ќе има илјада вработени

Адвокатот Бошков на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми побара пари за случаите кои ги водеше тогашното СЈО против мојот кум Зоранчо Митровски

Никола Поповски

Полицајци поднеле кривични пријави против Чулев

Велес: Застрелан полицаец со 5 куршуми, напаѓачот избегал

Ивана Рамаданова