ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

Гужва на Табановце за преминување на границата (ФОТО)

На граничниот премин Табановце денеска можеше да се забележи голема гужва,  на луѓето што чекаа во редици за да им се проверат документите и да бидат пуштени.

При што за влез во земјава е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 ден“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

Откако подолг период границите беа затворени, по нивното повторно отворање, се забележува голема гужва. За 24 часа на граничниот премин „Табановце“ поминале 2.444 патници.

ТабановцеТабановцеТабановцеТабановце

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Спасовски: Од утре, полициски час од 21 до 6 часот

Немаат коронавирус двајцата странци кои престојувале во скопскиот хотел

Влатко Зорба

Филипче: Двајца странски државјани со симптоми на коронавирус изолирани во хотел во Скопје

Влатко Зорба

Јовановски за коронавирусот: Партискиот интерес да се стави на страна и да надвладее разумот

Viktor Jovanov

Кинескиот амбасадор му донираше финансиска помош на МЗ за справување со коронавирусот

Берта Китинска

Судењето за организаторите на „27 април” закажано за денес

Берта Китинска