МАКЕДОНИЈА

Хероите во Детска клиника им го разубавија денот на болните дечиња (ФОТО)

Црвениот крст на град Скопје по вторпат организира хуманитарна акција за посета на децата кои лежат на Клиниката за детски болести.

Со ова, тие им ја доловија празничната магија, но и многу ги израдуваа. Тројца херои, облечени како Бетмен, Спајдермен и Супермен се дружеа со децата, изведуваа вежби и со секој потег мамеа насмевки од детските лица.

Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен. Под маските се кријат Јасин Буши, Оливер Петрески и Саша Цветковски, кои со задоволство прифатиле да бидат дел од овој прекрасен настан, кој барем празнично им го олеснува престојот на децата на Детската клиника.

Веќе втора година успешно се спроведува оваа акција, на која се радуваат не само малите, туку и возрасните кои сведочат на овој интересен настан.

Фото: Црвен крст на град Скопје

Поврзани вести

Кирацовски: Утре ќе почне амандманската расправа, вчера и денеска стигнаа нови 2.165 амандмани

Александар Тодески

Се запалил автомобил кој пренесувал гласачки ливчиња од Гостивар кон Скопје

Владата го демантира ВМРО-ДПМНЕ: ДУРА е веќе оперативна и ќе има илјада вработени

Собранието со мнозинство гласови го донесе Законот за стратешки инвестиции

СДСМ; Над 30 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун веќе се префрлени на сметките на 19.050 тутунопроизводители

Македонски концепт: Македонската приказна со ЕУ е како свадба после тапани

Влатко Зорба