МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Ќе има редефинирање, но на остатоците од режимот преку реформи

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, на новинарско прашање дали партијата се залага за редефинирање, а со тоа истото ќе се пренесе во коалицијата со СДСМ, посочи дека треба да има редефинирање, но на режимот, кој како што посочи и како опозиција зафаќал делови од општеството, како на пример судството.

„Зависи кој како го толкува редефинирањето. Нашето видување за редефинирањето е во контекст на реформите. Точно е дека оваа победничка коалиција ќе направи реформи онаму каде што е најболно, односно каде што режимот успеа и како опозиција да задржи позиции, тоа е судството. Нормално дека ако некој гледа на редефинирање, точно е, режимот мора да се редефинира со реформи и тоа ќе го направиме заеднички“, посочи Хоџа.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пак, рече дека точно е дека следуваат реформи, нови работни места, силен економски раст и други мерки и политики кои ќе го трансформираат општеството. Вели, верува дека тоа гласачите ќе го препознаат и наградат на изборите, како единствен коцнепт, бидејќи според него, другиот концепт е враќање на режимот и враќање во темното минато.

Поврзани вести

Разрешен Реисот на ИВЗ

Берта Китинска

Бектеши: Гасификацијата се одвива според планираното

Viktor Jovanov

Нуредини: Работиме на зачувување на пределската разновидност и биодиверзитетот во државата

Седум нови случаи со коронавирус во тетовско

Кривична пријава за службеник од Вејце, кој пет години подигал пензија од починато лице

Александар Петровски

Нови 445 случаи на коронавирус, девет лица починаа, 194 се оздравени