МАКЕДОНИЈА

Хотелиерите подготвени, но без гости – процедури за хотелскиот дел

На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење заштитна маска од страна на гостите и вработените, мора да има монтажна преграда (шалтер) на рецепција од проѕирна пластика или стакло со отвор во долниот дел (само за манипулирање со клуч и документи), а хигиена на јавните простории и собите со средство кое делува на вируси мора секој ден да се одржува. Обврзно е и редовно проветрување, објави МИА.

Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.

Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот (носење заштитна маска и дезинфекција на раце), а на рецепцијата ако пултот не е доволно широк да се обезбеди растојание од 1,5 до два метра. Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење визир од страна на рецепционерот.

-Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби, а дозволува доволно меѓусебно растојание. За тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости (играчки, списанија), а гостинот заедно со клучот треба да добие флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете, а текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки), стои во Протоколот.

Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно домаќинство.

-Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, дршки, куки, копчиња во лифт). Во случај на повеќедневно престојување на гостинот во сместувачкиот капацитет возможно е дневно чистење од страна на персоналот само доколку гостинот изрично посака. При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат), пишува во Протоколот.

Поврзани вести

Димитров на видео-конференција со Вархеји: ЕУ се покажа како вистински поддржувач на Западен Балкан во справувањето со пандемијата

Ангел Димитров: Се уште нема договор во однос на средновековниот период и за Гоце Делчев

Цаца Билјановска и официјално разрешена, Филипче назначил нова директорка на Кожно

Александар Тодески

Две деца од семејство кое се вратило од Германија позитивни на Ковид-19, родителите негативни

Stefanija Kuzmanovska

Каракачанов за можната блокада на Македонија: Би било добро, се надевам некои политичари ќе се разбудат од југословенскиот сон

Никола Поповски

Една жртва и 28 нови случаи: Вкупно заразени со коронавирус се 1259 лица

Берта Китинска