Хроника

7- годишно дете прегазено на улица во Гостивар

Седумгодишно дете со тешки повреди е пренесено на скопските клиники, откако на него налетало возило при обид да премине улица во Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека денеска во 12 часот и 10 минути, е пријавена сообраќајна несреќа на улица „101“ во Гостивар. Од првичните информации, патничко моторно возило „форд С макс“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот гостиварец З.З. удрило во 7-годишно дете (пешак).

Во незгодата, детето се здобило со тешки телесни повреди и првин е пренесено во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Поврзани вести

Одложено судењето за „Титаник“, обвинет користи мерка за коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Се јавиле за да ѝ кажат дека ќерка ѝ предизвикала тешка сообраќајка и ѝ одзеле 2.000 евра

Берта Китинска

Исчезна 14-годишно момче

Пронајдено тело на маж кој исчезнал во водите на Вардар

Никола Поповски

Трагедија кај Катланово: Извадено безживотно женско тело од Пчиња (фото)

Никола Поповски

Почина скопјанец заразен со маларија