Хроника

Безживотно тело на маж паднат од велосипед пронајдено близу с. Беласица

Вчера во 15,05 часот дежурен лекар од Медицински Центар Кичево пријавил во Полициска станица Кичево дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Беласица, се наоѓа безживотно тело на маж паднат од велосипед.

На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Кичево, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Поврзани вести

Скопјанец во тешка состојба починал во Градската болница

Берта Китинска

Двајца ранети во изрешетано „ауди“ во скопска Железара

Берта Китинска

Лишен од слобода грчки државјанин на граничниот премин „Богородица“

Влатко Зорба

Четворица полицајци од тимот на Чулев на распит во Обвинителството

Берта Китинска

Поради агресивно однесување кон полицајци, уапсени мајка и син во Карпош

Пронајдени мигранти во возило управувано од српски државјанин

Stefanija Kuzmanovska