Хроника

Десетгодишно девојче и жена повредени откако во нив удрил автомобил

Десетгодишно девојче и постара жена од Радовиш се здобиле со повреди откако во нив удрил автомобил.

-Вчера во 09:15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул. „Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од село Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш – информира МВР.

Поврзани вести

Скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат, пронајден покрај автопат повреден

Берта Китинска

Притвор за 10 лица кои истепаа полицајци кај Велес

Берта Китинска

Во Швајцарија ќе бидат погребани таткото и синот од струмичко кои беа убиени на тамошна фарма

Берта Китинска

МВР: Претреси во Синѓелиќ, запленети пиштоли

Влатко Зорба

Тешка сообраќајка на „Водњанска” во Скопје (ФОТО)

Берта Китинска

Царински премин Кула: Запленети 12 килограми хероин кај двајца Македонци

Никола Поповски