Хроника

Девојка од Турција со нож се обидела да убие момче во Гостивар

Дваесет и четиригодишна турска државјанка е осомничена за обид за убиство во Гостивар. Основното јавно обвинителство од Гостивар денеска соопшти дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против неа поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело убиство.

Осомничената на 19 овој месец, по претходна расправија, со умисла се обидела да лиши од живот 23-годишен турски државјанин кога со кујнски нож му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа го турнала повредениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.

За неа е побарана мерка притвор поради опасност да побегне, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци или да се обиде да го доврши делото.

Поврзани вести

Поднесена кривична за стружанец, осомничен за недозоволена трговија со оружје

Александар Тодески

Момче пријавило дека било физички нападнато во скопската населба Припор

Приведено лице во чие товарно возило биле пронајдени 53 мигранти

Stefanija Kuzmanovska

Прегазен пешак на пешачки во Скопје (фото)

Кривична против Л.С. за затајување 1,78 милиони денари данок

Stefanija Kuzmanovska

На „ Долно Блаце“ приведен албански државјанин баран од Интерпол

Влатко Зорба