Хроника

Дваесет и тригодишник од Гевгелија во притвор поради силување на малолетничка

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Гевгелија.

„Притворот беше побаран бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, како и можност тој да се обиде да ги сокрие трагите од кривичното дело, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повтори делото“, велат од Обвинителстото.

Пријавениот на 23 февруари во Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз 14-годишно девојче.

Девојчето дошло во домот на осомничениот заедно со нејзин другар. Таму имало уште едно лице, кое ја турнало малолетничката во собата со осомничениот и ја заклучило. Со употреба на сила и закани, 23-годишникот извршил обљуба врз девојчето, кое цело време викало и барало помош. Потоа ѝ се заканил на никого да не кажува за настанот.

Поврзани вести

Сообраќајка кај Куманово, четворица повредени

Обвинет троен убиец повикан за сведок во случајот „Пино”

Берта Китинска

Во товарен воз на Табановце откриени четворица мигранти од Авганистан

Stefanija Kuzmanovska

Во Ресен: Се степале двајца браќа, па се вмешал и внукот

Берта Китинска

Уапсено лицето кое пукаше кон полицаец пред црквата „Св.Спас“ во Велес

Приведен скопјанец поради закани по живот упатени кон премиерот Заев

Влатко Зорба