МАКЕДОНИЈА Хроника

Еден килограм контролирана пратка кокаин е запленета во магацин за овошје во Крушопек

Еден килограм контролирана пратка кокаин е запленета во магацин за овошје во селото Крушопек, во скопски Сарај. По насока на јавен обвинител приведени се возачите на камионот и сопственикот на магацинот, а се трага и по други лица, потврдија извори од Министерството за внатрешни работи.

Истите извори посочуваат дека мерките се преземени по насока од јавен обвинител и по наредба од судија на претходна постапка.

Станува збор за меѓународен ланец за троговија со дрога, чија вкупна количина е 1,3 тони кокаин, а во земјава е запленет еден килограм контролирана пратка од оваа дрога. Во операцијата, според извори од МВР, освен македонската се вклучени и италијанската и црногорската полиција.

Според Јавното обвинителство, полициската акција во Крушопек, која е во тек, се спроведува во координација со обвинители од Италија од регионот Калабрија.

Повеќе детали за акцијата, меѓу другото и за бројот на приведени лица и запленетото количество и вид на дрога од ОЈО за велат дека ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар на оперативни мерки и активности“.

-По насоки на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка се вршат претреси на подрачјето на село Крушопек во близина на Скопје поради недозволена трговија со дрога. Целиот капацитет на Министерството за внатрешни работи е ставен во заштита на граѓаните и безбедноста на државата, напиша Чулев и повеќе информации најави во текот на утрешниот ден.

Поврзани вести

Седум лица се тестираат дали се заразени од коронавирусот

Врховен не го прифати барањето на Вангеловски да се изземат судиите што треба да одлучуваат за негово разрешување

Влатко Зорба

Министерот за култура побарал Аквадуктот да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство

Maja_Serafimova

Грција задутре го отвора преминот Евзони на границата со С. Македонија

Берта Китинска

Тешко повреден откако излетал од коловозот во Прилеп

Никола Поповски

Осомничениот член на Судскиот совет утрово сам се појавил во Кривичниот суд

Александар Тодески