Хроника

Изминатите 24 часа 103 лица не го почитувале полицискиот час

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација.

Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.

Поврзани вести

ГАЛЕРИЈА: Лажна дојава за бомба го евакуираше „Скопје сити мол“

Поднесени 14 казнени налози за непочитување на полицискиот час во Гевгелија

Берта Китинска

На игралиште пронајдени рачни бомби

Никола Поповски

ОЈО Велес определи притвор за дилер на дрога од Албанија

user3

Aвтомобил се пpeвpтe на кpoв во Автокоманда

Кривична за 68-годишен скопјанец за закани кон претседател на политичка партија

Влатко Зорба