Хроника

Камерите го фатиле како краде вреќи цемент од градската депонија во Дебар

Безбедносните камери поставени неодамна на градската депонија во Дебар „уловиле“ лице како краде вреќи со цемент што се дел од градежниот материјал кој се користи во изградбата на оградата на депонијата.

Како што информираа од Општината, во тек е постапка за утврдување на идентитетот на лицето по што против него ќе се превземе соодветна законска постапка.

На градската депонија се спроведуваат активности за нејзино уредување, но и поголема контрола врз неа, што е последователна активност на локалната власт во напорите за почист град.

На овој начин, ќе се минимизираат и честите проблеми, како што се палење на отпадот, депонирање отпад без критериуми во и надвор од депонијата.

По поставувањето на безбедносни камери и светилките, во тек е изградба на бетонска ограда со рампа на влезот, додека другиот дел од депонијата ќе биде ограден со челична жица.

Поврзани вести

Еден загинат, двајца повредени во сообраќајка во Сингелиќ

Берта Китинска

Седеле пред продавница за време на полициски час, парична казна за 12 лица од Ресен

МВР со засилени акциски контроли: Санкционирани 513 возачи во Скопје, 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти

Александар Петровски

Приведени 23 лица кои не ја почитувале забраната за движење

Влатко Зорба

Тешка сообраќајна несреќа на Партизанска, повредени неколку лица

Берта Китинска

Продавници, маркети и аптеки во општина Кисела Вода кои работат online за време на полицискиот час

Берта Китинска