Хроника

Кавадарчанец со трактор криумчарел мигранти

Полициски службеници вчера кај новата крстосница кај градските гробишта во Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Р.К. (58) поради тоа што во трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан.

За настанот, како што соопшти МВР, се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ.

Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Поврзани вести

Возачот изгубил контрола и удрил во четири деца, почина 4-годишно дете во струмичко

Нападната докторка на Трауматологија

Крстев поднел пријава за ширење дезинфомации, полицијата се уште не постапила

Влатко Зорба

Малолетник загина при судир на два мотоцикли во Кадино

Берта Китинска

Брачна двојка од Македонија криела пари во долна облека, српските цариници ги заплениле

Влатко Зорба

Пронајдено безживотно тело на жена во водите на Вардар

Влатко Зорба