Хроника

Казнети 374 возачи во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 374 санкции.

Како што соопшти денеска МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 92 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 16, а санкционирани се и 27 мотоциклисти. За непрописно паркирање изречени се 107 мерки, додека 16 санкции се кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

Поврзани вести

Дебранец физички нападнал полицајци зошто го сопрел син му на мотор

Берта Китинска

ОЈО поднесе обвинение за злоупотреба во Агенцијата за филм

Влатко Зорба

Тепачки во манастирскиот комплекс во Лешок, две лица приведени, повредени и полицајци

Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била донесена малолетничка со прострелна рана во главата

Двајца скопјани обвинети за измама, лажеле дека се сериозна фирма и земале стока

Берта Китинска

Се запалил автомобил кој пренесувал гласачки ливчиња од Гостивар кон Скопје