Хроника

Криумчар на мигранти и полицаец се бркале низ Скопје, завршиле во реката Вардар

Криумчар на мигранти вчера го нападнал и му избегал на полицаец пред Кривичниот суд во Скопје. Полицаецот испукал неколку предупредувачки куршуми, а пак осомничениот скокнал во реката Вардар ја препливал и избегал од другата страна. И полицаецот скокнал во Вардар но се повредил.

Од МВР соопштија дека пред Кривичен суд Скопје, полициски службеник вршејќи обезбедување на Е.А.(33) од Скопје, на кого му била одредена мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, бил физички нападнат од него, по што Е.А. се дал во бегство.

-Полицискиот службеник испукал неколку куршуми во знак на предупредување, а Е.А. скокнал во реката Вардар, ја препливал и на другиот крај и продолжил кон ул.„Вардарска“. Полицискиот службеник скокнал по него во реката, по што се здобил со повреди, информираат од полицијата.

Околу 18:20 часот, во близина на Транспортен центар, Е.А. бил пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници.

Поврзани вести

Прегазено 10-годишно дете, со тешки телесни повреди пренесено во болница

Берта Китинска

Кавадарчанец со трактор криумчарел мигранти

Приведено лице кое преку „Фејсбук“ се заканувал за поставени бомби на комбиња и автобуси

Турски државјанин прободен со нож

Stefanija Kuzmanovska

Во Штип искршени таблите на три институции

Берта Китинска

Една и пол година затвор за дадилката што лани тепаше дете во игротека

Stefanija Kuzmanovska