МАКЕДОНИЈА Хроника

Мигрант на возраст од 15 години бил најден како лежи на магистралниот пат Куманово-Табановце со прострелна рана на ногата

Мигрант на возраст од 15 години вчера попладне бил најден како лежи на магистралниот пат Куманово-Табановце, информира МВР.

Граѓани кои го забележале момчето пријавиле во полиција, а полицајците утврдиле дека детето било мигрант од Авганистан. Момчето имало повреда на ногата, па било пренесено во кумановската болница каде лекарите констатирале дека има прострелна рана во десната потколеница. Засега нема информации кој го повредил момчето.

 

Уште еден мигрант бил пријавен вчера во СВР Тетово. Граѓанин го забележал во село Горно Јеловце, во близина на рибникот. Полицајците го привеле дваесетгодишниот мигрант од Сирија во полициската станица во Гостивар.

Поврзани вести

Штафетна трка на бизнис секторот во Скопје

Влатко Зорба

Адвокатот на Тони Трајковски бара престанок на мандатот на поротник, во спротивно најавува кривични пријави

Царовска: Едно општество може да каже дека е хумано и солидарно само ако покаже соодветна грижа за најранливите

Ивана Рамаданова

Одбрани 11 решенија за прототип на #ВелоПаркинг

Дескоска во разговор со новиот косовски министер за правда Селими: Очекуваме екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ

Светска банка: За 15 години од Северна Македонија се отселило четвртина од населението

Ивана Рамаданова