Хроника

„Монструм“ продолжи таму кај што застана

Судскиот процес „Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро на кратко се врати на почеток, но во согласност со одбраната продолжи таму каде што застана.

На местото на Лилјана Ивановска-Кочковска е назначен нов поротник, а поставен е и резервен бидејќи наскоро истекува мандатот на уште една поротничка во судечкиот совет.

„Заради ефикасност на постапката, начелото за судење во разумен рок и пред се Уставно загрантираните права и обврски на обвинетите и оштетните во постапката, одбраната се согласи наместо повторно изведување на доказите, судењето да почне формално од почеток само со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи онаму каде и претходно застана, а тоа е со изведување на нови докази и сослушување нови сведоци. На овој начин судот, во согласност со одбараната, а постапувајќи според Законските одредби не дозволи дополнително одолговлекување на постапката, што е од интерес пред се на обвинетите и оштетените во предметот“, велат од Кривичен.

Слуајот „Монструм“ во ноември 2017 беше вратен на повторно судење од страна на Врховниот суд, кога највисокиот суд ги укина пресудите. Тогаш случајот го презеде СЈО, а по неговото згаснување предметот се врати на редовното, односно во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Поврзани вести

Санкционирани 983 лица за неносење на маска

Пожарот во Радишани предизвикан при заварување со оксигенска боца

Поради неносење маска 617 казни

Влатко Зорба

Обвинение за тешка кражба против двајца државјани на Албанија

Берта Китинска

Во близина на Штип фатени 17 мигранти

Влатко Зорба

Ѝ се заканувал на гувернерката Бежоска преку Фејсбук, по што бил приведен

Никола Поповски