МАКЕДОНИЈА Хроника

МВР: Казнети 393 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 16 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а изречени се и 37 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани вести

Пукање на свадба во тетовско, уапсено едно лице

Јанков: Посакуваме да има некоја „Баба Рога“ и да кажеме ова е изворот на целото загадување

user3

Лукаревска: Ако не го направев тестот на корона, немаше да знам дека сум позитивна

Се дезинфицира секое возило што поминува низ Дебар и Центар Жупа

Николовска: Ме плаши дека оваа грејна сезона изговор ќе биде дека сите пари сме ги потрошиле на Ковид-19

Александар Петровски

Тачи се шегува: Не одам на лидерските средби затоа што Али и Зијадин ми се сомнителни