Хроника

МВР: Казнети 585 граѓани за неносење маска

Министерството за внатрешни работи информира дека во континуитет се преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 4694 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 186 лица им се издадени решенија на изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 52 лица, информира МВР.

Поврзани вести

Кривична пријава против скопјанец за „задоволување полови страсти пред друг“

Берта Китинска

Уапсен тетовец за доиздржување затворска казна за убиство

Влатко Зорба

Полицијата нашла хероин кај двајца охриѓани

Влатко Зорба

Teшко повредена малолетничка, се судрила додека возела мопед

Берта Китинска

Кичевчанец физички нападнал малолетна девојка

Запален летниковец во парк шумата Гази Баба за време на полицискиот час (ФОТО)

Влатко Зорба