Хроника

Најмалку еден приведен по гевгелиското оро за Велигден

Најмалку еден приведен и неколку идентификувани прекршители на полицискиот час по гевгелиското оро за време на Велигден, пренесе „Телма“. Уште синоќа е приведено едно лице, додека се врши препознавање на останатите прекршители.

Mинистерството за внатрешни работи (МВР) петходно информираше дека постапува по случајот во Гевгелија, каде што за време на велигденскиот полициски час група граѓани играа оро на улица.

„МВР постапува во врска со овој случај и во координација со јавното обвинителство ќе бидат санкционирани сите што ја прекршиле забраната за движење. Се преземаат соодветни мерки и активности и сите што ги кршат законите ќе бидат соодветно санкционирани“, соопштија од МВР.

Поврзани вести

Уапсен струмичанец, организатор на група која продавала хероин

Влатко Зорба

Починатото девојче од Лабуништа негативно на Ковид-19

Наместо во изолација Македонка од Швајцарија се прошетала низ Охрид

Возач на вилушкар се превртел на регионалниот пат Штип-Кочани

Берта Китинска

13-годишно дете на мопед тешко повредено во сообраќајка во Штип

Берта Китинска

Украдени 6000 франци и автомобил од Македонец во Драч

Никола Поповски