Хроника

Обвинителството бара вкупно 5 илјади евра казна за две лица од Прилеп кои не ги почитувале мерките

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет на 17 март пристигнал од Република Србија, земја со среден ризик за ширење на заразната болест COVID-19. При влез во државата потпишал Изјава дека ќе спроведе самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом, согласно мерките и препораките за спречување на ширењето на заразната болест. Но, при извршена контрола од страна на полициски службеници, обвинетиот не бил затекнат во неговиот дом.

Обвинителството од судот побара на обвинетиот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 30 евра во денарска противвредност.

Второто обвинето лице не се придржувало на здравствените прописи, односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Обвинетата на 25.03.2020 година, се движела низ градот со што го прекршила полицискиот час и го сторила кривичното дело кое и се става на товар. Заради стореното, за обвинетата е побарана парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност, соопштија од Обвинителството.

Поврзани вести

Истражители влегоа во просториите на СЈО

Влатко Зорба

Со полесни повреди се здобил 50-годишниот маж во сообраќајката во Велес

МВР ги објави иницијалите на приведените од Сингелиќ

Берта Китинска

Го погодил заскитан куршум додека бил на лов

Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“

Влатко Зорба

Пукање од патничко возило во движење во Куманово