Хроника

Парични казни за 13 лица во Скопје, не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе осум предлози за издавање казнени налози против 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

– Обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, соопштија од скопското обвинителство.

Додаваат дека обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Додека полицискиот час бил во сила, тие се движеле низ градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Поврзани вести

МВР: 84 граѓани не ја почитувале забраната за движење, приведени 67 лица

Берта Китинска

Тетовец со нож ги нападнал поранешната сопруга и нејзиниот работдавец

Никола Поповски

Скопјанец сакал да прошверцува 25 мигранти

ОЈО: Отворена истрага за две лица по вчерашната акција во село Крушопек

Скопјанка измамена од непознати лица: И се јавиле и тврделе дека ќерка ѝ презгазила дете, барале 50.000 денари да помогнат

Приведен скопјанец поради закани по живот упатени кон премиерот Заев

Влатко Зорба