Хроника

Педесет и седум годишен работник од Стајковци се здобил со тешки телесни повреди

Педесет и седум годишен работник од скопско Стајковци се здобил со тешки телесни повреди, според неговото кажување, при извршување работни задачи во фирма на ул. „Перо Наков“ во Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

-Во СВР Скопје вчера во девет часот било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Б.С.(57) од с.Стајковци, скопско, според чие кажување околу 08.30 часот, додека извршувал работни задачи во фирма на ул.„Перо Наков“, каде бил вработен, се лизнал и паднал. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во дневниот Билтен на МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен трудов инспектор.

Поврзани вести

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Струмица, возачот избегал од местото

Влатко Зорба

Во Куманово шест прекршувања на полицискиот час, тројца се приведени

Берта Китинска

Неексплодирана артилериска граната пронајдена во нива во Росоман

Берта Китинска

Пожар во Скопје, се запали асфалтната базна станица на „Гранит“ (ФОТО)

Четириесет и двегодишен неготинец пронајден мртов

Влатко Зорба

МВР поведе постапка за полицаецот кој не реагирал на пријава за насилство које завршило со убиство

Берта Китинска