Хроника

По смртта на притвореникот, медицински тимови ќе земат брисеви во Истражниот затвор во Шутка

Министерството за здравство информира дека по сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на коронавирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници.

Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението.

За овој случај извести вчера Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче на редовна прес-конференција, по информациите од Истражниот затвор во Шутка за починат притвореник како последица на срцев удар, кој престојувал во оваа институција од 8 март, а за време на престојот немал симптоми на коронавирус.

Поврзани вести

Девојка од Белорусија уапсена на скопскиот аеродром

Запалени шест контејнери во Дебар Маало (ВИДЕО)

Влатко Зорба

МВР: Приведени 17 лица, не го почитувале полицискиот час

Засекогаш протерани од земјава двајца криумчари на мигранти

Берта Китинска

Продавници, маркети и аптеки во општина Кисела Вода кои работат online за време на полицискиот час

Берта Китинска

Сообраќајна несреќа кај ТЦ Зебра меѓу две возила и автобус на ЈСП

Никола Поповски