Хроника

Полицијата привела тројца гостиварци, правеле гласна забава и навредувале полицајци

Тројца гостиварци синоќа биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, откако не ја прекинале бучната забава и навредувале полицајци.

Од СВР Тетово информираат дека синоќа (9 април) околу 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. Н. (34) од Гостивар. Тој е осомничен дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Со него приведени се и И.М.(35) и С.Т.(36) исто така, од Гостивар, поради сомнение за „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за „неовластено снимање“.

На нивното лишување му претходела пријавена поплака за нарушување на јавниот ред и мир на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, по што биле преземени соодветни службени дејствија од полициските службеници.

Тројцата гостиварци задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.

Поврзани вести

Кривична за поткуп за член на општински извршен одбор во Струмица и раководител на секторот за аналитика на ВМРО-ДПМНЕ

Берта Китинска

Велешанец со Мерецедес удрил 15-годишно момче на велосипед

Влатко Зорба

Чулев: Кривична за скопјанец кој на фејсбук ширел говор на омраза кон Ромите

Скопјани нападнати на плажата „Сараиште“ во Охрид

Влатко Зорба

Казнети 1022 лица за неносење маски

Берта Китинска

Таткото кој за 6.000 евра ја продаде ќерка си осуден на седум години затвор