Хроника

Полицијата пронашла дрога кај четиворица скопјани

Уапсени се четири лица од Скопје, откако биле фатени со прашкаста материја и марихуана.

„На 06.08.2020 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“, го лишиле од слобода С.Д.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.08.2020 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“, го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.08.2020 во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партеније Зографски“, го лишиле од слобода В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.08.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“, го лишиле од слобода А.Ќ.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани вести

Трагедија во Шутка, две деца загинати во пожар

Никола Поповски

Камерите го фатиле како краде вреќи цемент од градската депонија во Дебар

Берта Китинска

Прегазено четиригодишно дете во Струмица, возачот побегнал

Влатко Зорба

Жена од Штип место во изолација шетала по маркети

Берта Китинска

ФОТО: Пожар целосно уништи три трафики во Скопје

Берта Китинска

Почина деветанесетгодишникот повреден во сообраќајката на патот Тетово-Скопје