Хроника

Повредени две петгодишни деца во сообраќајка на патот Штип – Кочани

„На 28.05.2020 во 22:30 часот на магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.З.(25) од с.Чешиново, кочанско и патничко возило „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Злетово“ велат од МВР.

По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В.(25) и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Поврзани вести

Обљуба во Липково врз малолетно дете

Берта Китинска

Македонец и двајца Срби уапсени во Белград под сомнение за злоупотреба и примање мито

Влатко Зорба

Кривична пријава за стружанец кој пукал во дебарското село Џепиште

Берта Китинска

Пожар во Центарот на Скопје, изгореа три трафики

Берта Китинска

Девет лица заработија кривични за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

МВР: 29 лица не ја почитувале забраната за движење