Хроника

Приведени дрвокрадци меѓу нив и претседател на комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Могила, Оливер Ристевски, на 11 овој месец бил затекнат како со неколкумина краде дрва од шума. Настанот се случил во 13:30 часот кога во сила беше полицискиот час.

Настанот го потврди денеска и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој рече дека тоа е заведено во полицискиот билтен. Чулев потенцира дека не сака да навлегува во политичката припадност на осомничените бидејќи, како што рече, секој што сторил прекршок ќе одговара.

Претходно во текот на пресот неколку пати потенцирање дека синоќешниот настан има политичка позадина односно бил предизвикан од членови и симпатизери на СДСМ.

Во билтенот на МВР од 12 април има информација дека на 11.4.2020 во 13:30 часот вработен во шумска полиција пријави дека од с. Древеник кон с. Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје.

Шумарот ги затекнал лицата О.Р. (44), К.С. (54), Г.С. (30), тројцата од Долно Српци и М.И. (65) од Прилеп во атар на с. Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале за потоа да ги пренесуваат. Тие не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на движење, поради што биле лишени од слобода во 15:30 и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштува МВР во билтенот.

Поврзани вести

Обвинение за лице кое извршило две разбојништва во финансиски друштва

Maja_Serafimova

Полицаец е пренесен на клиника по сообраќајка на возило на МВР

Никола Поповски

На судењето за „Титаник“ во Кривичниот суд треба да бидат сослушани четири сведоци

Александар Петровски

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица

Aвтомобил се пpeвpтe на кpoв во Автокоманда

Две лица повредени во сообраќајка на Рузвелтова