Хроника

Пронајдена мини лабараторија и стебла канабис во Визбегово (ВИДЕО)

По претходно добиени оперативни сознанија денеска околу 15 часот Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје, во скопско Визбегово извршила претреси во дом и други простории на И. П. (38), при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло.

Како што информираат од МВР, при тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39). Извршени се претреси и во домот на Г.Ј.,при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.

Во соопштението од МВР се подвлекува дека трите лица се приведени.

Поврзани вести

Итно евакуиран ТЦ „Сити мол“ по дојава за бомба

Влатко Зорба

ФОТО: Пожар целосно уништи три трафики во Скопје

Берта Китинска

Престрелка во Александар Палас, повредени нема

Влатко Зорба

Пакистанци и жители на Ваксинце киднапирале мигрант од Мароко и му барале пари

Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Влатко Зорба

Доживотен затвор за обвинетата од Дебар која ги уби родителите и малолетната сестра