Хроника

Рибар се удави во водите на Вардар

„На 10.08.2020 во 15.40 часот било пријавено дека во близина на с.Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во р.Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Во 19.15 часот тој бил понајден и извлечен од реката. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт“ соопштуваат од полиција.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани вести

Осумнаесетгодишник ранет со остар предмет во Жена-парк во Тетово

Берта Китинска

Две жени се тепале за паркинг место во еден трговски центар

„Еразмус“ се враќа на почеток поради промена на судечкиот совет

Влатко Зорба

Приведен кичевец кој малтретирал минувачи и оштетил паркирано возило

Влатко Зорба

Се скарал со соседите и почнал да се заканува со пиштол, за време на полициски час

Тешка сообраќајка кај Страцин, еден загинат и четворица повредени