Хроника

Штипјанец позитивен на кронавирусот ја прекршил задолжителната самоизолација

Штипјанец позитивен на Ковид 19 наместо во самоизолација излегол со возило и фрлал отпад во близина на Здравствениот дом во Штип. Јавен обвинител предлага казна од 2.000 евра.

Како што соопшти ЈО, поднесен е предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

-Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника „Жан Митрев“ дека неговиот резултат од испитувањето на COVID-19 е позитивен, при што му било издадено Решение со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови. На 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла ќеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип, информираат од Јавното обвинителство.

Поврзани вести

Mајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Берта Китинска

Скопјанец затаил данок од речиси 13 милиони денари

Влатко Зорба

Пожар во Ново Лисиче (видео)

Берта Китинска

Случај „Ласкарци“: Возачот на автобусот немал психичка болест

Берта Китинска

Апсење во Тетово поради сомнение за обид за силување малолетно девојче

Никола Поповски

Викендов 18 сообраќајки во Скопје, три лица тешко повредени

Влатко Зорба