Хроника

Скопјанка измамена од непознати лица: И се јавиле и тврделе дека ќерка ѝ презгазила дете, барале 50.000 денари да помогнат

Непознато лице ѝ се јавило на телефон на скопјанка и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајка и повредила малолетно лице.

На 28.07.2020 во 18:15 часот во Полициска станица Бит пазар, К.Х.(62) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот се јавилo непознато лице кое ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во која повредила малолетно лице, нудејќи се да помогне ако за возврат му бидат исплатени 50.000 денари.

Според пријавеното, потоа се јавило друго непознато лице, кое плачејќи се претставило дека е нејзина ќерка.

По настанот пријавителката разговорала со нејзината ќерка и констатирала дека станува збор за обид за измама.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Пожар во болницата „13 ноември“ во Скопје

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Монструм“ и повторената постапка за „Триста“

Влатко Зорба

Приведен скопјанец поради закани по живот упатени кон премиерот Заев

Влатко Зорба

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Полицајка е нападната во Скопје додека си ја вршела работата

Берта Китинска

Два пожара за кратко време во Тиквешко

Берта Китинска