Хроника

Судењето за „насилството во Центар“ продолжува на 28 септември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 28 септември со завршни зборови на одбраната.

На денешното рочиште, завршни зборови дадоа Обвинителството и одбраната на обвинетите Никола Груевски и Александар Трајковски.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски, во завршен збор пред Судот пушти неколку видеа од протестите на Шарената револуција пред канцеларијата на претседателот, од пред Собранието и Владата.

– Може да видите како се оштетува канцеларијата и зградите, како се навредуваат случајни минувачи и полицијата, но обвиненијата за сите се за учество во толпа, а не за насилство, изјави Страшевски.

Обвинителството, нагласи тој, не го докажа во ниту еден елемент делото насилство и барам да биде ослободен.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

– Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни, а притоа да се има предвид и интензитетот на дејствијата. За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери. Во однос на извршителите сите ги извршиле дејствијата, меѓутоа само за Игор Бошковски предлагам алтернативна казна поради интензитетот на неговите дејствија, изјави Фетаи.

Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, рече дека целото дело се докажува само со еден разговор што е нелегално прибавен и го оспоруваме.

– Помилувањето за ова дело за Никола Груевски не може да се отповика. Таа постоела во моментот на покревање на ова обвинение и Судот не смеел да го прифати, изјави бранителот на Груевски.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Обвинителството на почетокот се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски.

Поврзани вести

Сообраќајка кај Драчево, двајца повредени

Берта Китинска

Повредено бебе донесено на клиниката „Мајка Тереза“

Никола Поповски

Македонски државјанин фатен со 6,5 килограми хероин во Крагуевац

Никола Поповски

Идентитетот на машкото тело на Шар Планина ќе се утврдува во Скопје

Берта Китинска

По семејна драма скопјанец скокнал од прозор во полициска станица и се самоповредил

Возачот неколку пати зборуваше на телефон, рече сведок од автобусот на „Дурмо турс“

Maja_Serafimova