Хроника

Тешка сообраќајка вечерва во близина на штипското село Лакавица, повредени 13 лица

Тринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи вечерва во близина на штипското село Лакавица во која чествувале две возила, од кои во едното се превезувале мигранти.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека во несреќата учествувале две возила, меѓутоа повеќе детали како се случила не може да даде, бидејќи во тек е увидот од страна на истражните органи.

Директорот на Клиничка болница Штип Ален Георгиев за МИА вели дека во болницата се хоспитализирани 13 лица, од кои 11 се мигранти и двајца се македонски државјани.

Според она што му е презентирано од страна на дежурните лекари, прв впечаток е дека ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба, но во тек се прегледите и снимањето со цел да им се утврдат повредите.

Првично станува збор за мигранти од Пакистан, а мигрантите кои се во моментов во болницата во Штип ќе бидат примени на две одделенија, на ортопедија и на хирургија. Георгиев вели дека во текот на ноќта мигрантите ќе бидат и тестирани за КОВИД-19.

Повеќе детали околу несреќата се очекува вечерва или во текот на утрешниот ден.

Поврзани вести

Лишени од слобода 15 лица кај Бит Пазар поради непочитување на забраната за движење

Влатко Зорба

Пронајдено е машко безживотно тело во Шар Планина

Берта Китинска

МВР: 117 прекршувања на забраната за движење во текот на вчерашниот ден

Берта Китинска

Притвор за три лица од гостиварско поради разбојништво

Влатко Зорба

Кривична за полицаец од ГП Табановце кој пуштил малолетник без документи и ПСР тест

Се шетал со пиштол за време на полициски час, приведен 77 годишник од Тетово

Берта Китинска