Хроника

Тешко повредена млада девојка откако со автомобилот излетала од пат

Возило излетало од патот и удрило во дрво по што со тешки повреди се здобило едно лице и било пренесено во болница.

Според пријавеното вчера во 09 часот и 40 минути било пријавено дека на регионалниот пат село Групчин-Тетово, после надвозникот за село Добарце, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(22) од село Чифлик, излетало од патот и удрило во дрво и сообраќаен знак.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.М. по што била пренесена во Клиничката болница-Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести

283 прекршоци за неносење заштитна маска

Stefanija Kuzmanovska

Кривични пријави за наставници од ОУ „Кузман Шапкарев” во Драчево заради изготвување лажни свидетелства

Борби на деца во Скопје (ВИДЕО)

Берта Китинска

Прв полицаец кој почина од КОВИД-19 кај нас

Влатко Зорба

Жена прегазена во Скопје

Берта Китинска

Двајца скопјани обвинети за измама, лажеле дека се сериозна фирма и земале стока

Берта Китинска