Хроника

Тетовец проголтал ќесички со марихиана и прашкаста материја кога ја видел полицијата

На 14.02.2020 во периодот од 15.15 до 17.45 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со полициски службеници со службено куче од Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во домот и помошните простории на M.Л.(35) во Тетово.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана“ без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба. Пред започнување на претресот, во дворот дошол и С.И.(22) од Тетово, кај кого подоцна, исто така, бил извршен претрес и, откако полициски службеници се обиделе да извршат преглед над него, во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја.

Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести

Уште една несреќа со трактор, жртва земјоделец од Тимјаник

Влатко Зорба

Уапсено 19- годишно момче на аеродромот во Скопје

Скопјанец вперил пластичен пиштол во полицаец и се заканувал дека ќе го убие

Побегнал од „Затвор Куманово“, но полицијата го уапила и го вратила назад

Берта Китинска

Привремено прекината потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанско езеро

Влатко Зорба

Скопјанец затечен како краде од угостителски објект, бегајќи ја истепал сопственичката