Хроника

Тони Трајковски кон судијата: Не сум добар

Адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот „ТНТ“ до судот достави лекарска документација за која тој побара да остане во тајност.

На прашањето на судијата до Трајковски дали е добар, тој одговори со „не сум добар“.

Трајковски наведе дека дошол сам во судницата, без полициска придружба, додавајќи дека не му стигнала покана.

Поранешниот градоначалник додаде дека додека му трае терапијата не треба да учествува на судските рочишта. Ова е препорака од неговиот лекар.

Во предметот „ТНТ”, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на Фијат Цаноски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Двегодишно дете од Скопје се удави во канал за наводнување

Никола Поповски

Продолжен притворот за Силвија Стојановска

Влатко Зорба

Со пиштол и фантомка ограби аптека среде бел ден во Капиштец (ВИДЕО)

Масовна тепачка во Градски парк

Регистрирани 630 прекршоци за неносење маска

Александар Петровски

Полицијата пронашла бела прашкаста материја кај скопјанец