Хроника

Тројца основци со тврд предмет нападнале ученик од друго одделение

Татко во полиција пријавил дека неговиот син во основно училиште во Тетово е нападнат со тврд предмет, информираат од СВР Тетово. Детето било нападнато од тројца ученици од друго одделение.

-Вчера С.С.(48) од Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во тетовско основно училиште, по завршување на големиот одмор, во ходникот на училницата во која учел, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници. Напаѓачите, инаку ученици во истото училиште, користеле и тврд предмет, а едниот од нив, по завршување на наставата, уште еднаш се обидел да го нападне, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.

Сега се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести

Тројца малолетници и двајца странци меѓу 11-те кои го прекршиле полицискиот час во Тетовско

Влатко Зорба

Кумановец казнет со 2.000 еврa, не седел во самоизолација

„Рекeт” продолжува на 25 и 26 мај

Товарен воз удрил во автомобил управуван од 16 годишник

Берта Китинска

Повредените мигранти кај Градиште во стабилна здравствена состојба

Влатко Зорба

Одложено судењето за „Титаник“, обвинет користи мерка за коронавирус

Stefanija Kuzmanovska