Хроника

Турски државјанин прободен со нож

Едно лице е згрижено синоќа во гостиварската болница, откако претходно во неутврдени околности било прободено со нож. Според неофицијални информации на нападот му претходела расправија.

Според СВР Тетово, синоќа (19 февруари) околу 20.30 часот во Полициската станица Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, бил пронајден О.А.Х.(23) од Р.Турција со повреда од остар предмет. Повредениот инаку имал со регулиран престој во Гостивар.

Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Во 22.00 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ од слобода била лишена К.Д.(24) од Р.Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани вести

Пронајдени дрога и куп пари кај двајца браќа дилери на дрога

Никола Поповски

Арачиновец ја убил својата сопруга

Берта Китинска

Дирекцијата за заштита и спасување и МВР со дронови трагаат по исчезнато лице во околината на Тумбе кафе

Тројца основци со тврд предмет нападнале ученик од друго одделение

Влатко Зорба

Полицијата регистрирала 357 прекршоци за неносење маски

Влатко Зорба

МВР: Одземени 1.240 килограми марихуана од магацин во скопски Бутел, пријава за правното лице

Берта Китинска