Хроника

Уапсен третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски – Саздо

Германската полиција го приведе Јетон Љужа кој е третообвинет напаѓач на Никола Саздовски – Саздо кој почина од повредите.

Обвинетиот Љужа за кого полицијата распиша потерница вчера е уапсен во Хамбург, соопшти МВР.

На 29 јуни 2018 година на автобуска постројка во Автокоманда Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа му пришле на сега починатиот Саздо, му побарале лична карта, им дал, и откако се увериле дека е тој, го нападнале. Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

За убиството на Саздо по 19 години затвор добија двајцата првообвинетите Бесир Беља и Скендер Демири.

Поврзани вести

Жител на Браилово починал во пожар во сопствената куќа

Никола Поповски

Oсомничените во „Рекет“ повикани во Кривичен

Влатко Зорба

Уапсен струмичанец, организатор на група која продавала хероин

Влатко Зорба

Главната расправа за случајот „Змиско око“ е формално завршена

Втор смртен случај од корона, ноќеска почина пациент на Инфективна клиника

Гостивар: Им тропнале на врата, а потоа ги претепале

user4