Хроника

Вкупно 322 санкции од полицијата вчера на територијата на Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 322 санкции.

Меѓу нив, за возење без возачка дозвола за 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење имало 105 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 13, санкционирани се 20 мотоциклисти, 75 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 29 санкции кон пешаци и 34 казни за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Поврзани вести

Доживотен затвор за обвинетата од Дебар која ги уби родителите и малолетната сестра

Полицијата земала примерок од ДНК без судска наредба, пресуди Судот во Стразбур

Stefanija Kuzmanovska

Две лица повредени во сообраќајка кај Козјак

Понеделник 9 декември неработен ден за сите граѓани

Влатко Зорба

Во Штип искршени таблите на три институции

Берта Китинска

Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија

Stefanija Kuzmanovska