Хроника

Возило излетало во провалија, возачот загинал на лице место

На автопатот Скопје – Велес денеска во 11.20 минути возило „хјундаи” со велешки регистерски таблички излетало во провалија пред првиот од двата тунела, при што загинал 38 годишниот Б.М. од Велес.

Како што изјави, Ивица Илиевски од МВР, полицијата информацијата ја добила од Службата за Итна помош која прва стигнала на местото на несреќата, по што и екипа од СВР Велес која направила увид на местото на несреќата, во која има еден загинат.

Од ТППЕ Велес за МИА појаснуваат дека тие стигнале на местото на несреќата околу 12 часот и го извлекле настраданиот, кој веќе бил починат. Медицинските екипи констатирале дека настраданиот веќе починал на лице место.

Поврзани вести

Пукање во Студеничани: По расправија извадил пиштол и пукал од автомобилот

Берта Китинска

Фатени крадци од Скопје, досега им се одземени 26 велосипеди

Уапсен полициски службеник, одбил да се идентификува и се однесувал агресивно

Александар Петровски

Жена од Кисела Вода се оддалечила од домот и не се вратила

Берта Китинска

Роднина на починатото бебе ѝ се заканувал на докторката од од Струмичката болница

Берта Китинска

Кривична пријава против десет вработени во поштата во Чаир за проневера во службата и фалсификување службена исправа