Хроника

Жена на 44 години го загуби животот во сообраќајка на патот кон Бањиче

Во сообраќајна несреќа синоќа околу 23 часот на патот Тетово-месност Бањиче, животот го загуби 44-годишна жена од Тетово, а повредени се уште три лица. Сообраќајката се случила кога патничко возила марка мерцедес со тетовски таблички што го управувал Ш. Г (32) од Лисец кај бетонскиот мост на патот изгубило контрола, излетало од коловозот и паднало во река.

-На самото место на несреќата М.К (44) од Тетово поради тешките телесни повреди починала. Тешки телесни повреди добила сопатничката Ш.К (19) од Тетово, додека сопатникот Е.Б (34) од Гостивар и возачот добиле телесни повреди. Сите се однесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото увид извршиле претставници на Основното јавно обвинителство од Тетово како и стручни служби при СВР Тетово. По наредба на обвинител, телото на почината е пренесено во Клиничка болница Тетово.

Поврзани вести

Угостителски објект во Тетово работел и после полноќ, уапсен сопственикот

Санкционирани 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин

Влатко Зорба

Манијак во Скопје мастурбирал во лифт пред девојка

Берта Китинска

Жена пронајдена мртва во стан во Велес

Исчезна деветнаесетгодишна девојка од Скопје

Едно лице нападнато во Градски парк во Скопје

Берта Китинска