Хроника

Жител на скопско Шишево вперил пиштол во полицајци

Вчера на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го привеле Е.Ш.(31) од селото Шишево, скопско, кој се барал по потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за сторени кривични дела.

„Тој бил забележан на булеварот и кога му бил даден знак за застанување, извадил пиштол и го вперил во полициските службеници, по што тие испукале два предупредувачки истрели во воздух и набргу потоа тој бил фатен“, информираат од МВР.

Мажот е спроведен во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Поврзани вести

Стружанец заработи кривична за прекршување на мерките за самоизолација

Oсомничените во „Рекет“ повикани во Кривичен

Влатко Зорба

На актерката Силвија Стојановска и е определен триесетдневен куќен притвор

Во Скопје 379 санкционирани возачи, 101 ја пречекориле брзината

Влатко Зорба

Вооружен грабеж во Ѓорче, ограбена експозитува на НЛБ Банка

Никола Поповски

Семејство од Битола наместо во изолација се тепале со соседите