Хроника

„Зиртаре“: Македонски борач е еден од убиените во казиното во Блаце

Албанскиот медиум „Зиртаре“ објави дека младиот борач Бунјамин Нуиши, кој беше член на боречкиот клуб Тефејуз бил убиен во нападот на казиното во Блаце.

Нуиши за последен пат настапи на Светскиот куп во борење во шалвари Дунја купот во градот Кахраманмараш во Турција, каде што триумфираше во првата борба против борец од Белорусија, по што загуби од светскиот шампион од Азербејџан.

Инаку, двојното убиство се случило кога четворица маскирани мажи со автоматско оружје влетале во казиното за да го ограбат. Вооружените лица почнале да пукаат кон присутните.

Од куршум настрадал 22-годишниот В.Х. а, 20-годишниот Ниуши бил удрен со кундак во главата, по што починал.

Инцидентот се случил во раните утрински часови.

Поврзани вести

Полициите на Северна Македонија и Србија спречија меѓународен канал за транспорт на дрога

Влатко Зорба

Продолжува судењето за „Титаник“

Stefanija Kuzmanovska

ОЈО бара казни од по 2 000 евра за три лица од Скопје за непочитување на здравствените прописи

Уништен видиковец на Водно

Никола Поповски

Таткото кој за 6.000 евра ја продаде ќерка си осуден на седум години затвор

Последниот дел од пожарот во Ракотинци – Сопиште е изгаснат

Влатко Зорба