МАКЕДОНИЈА

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ во Кинотека

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ ќе се одржи денеска во Кинотека, во организација на Здружението за култура „Македонски вознес“.

Наместо влезница посетителите треба донесат прибор за училиште. Сите прибори за училиште ќе бидат наменети за учениците од ПОУ „Д-р. Златан Сремец“ – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.

Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од државава кои ќе бидат таму со своите родители и ментори. Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат, верувајќи дека постојат луѓе во државава кои ги сакаат и можат да ги поддржат, посочуваат организаторите.

Поврзани вести

Пола Скопје без вода поради голем дефект

Мизрахи до Владата доставила информација за вработување лица со статус на деца без родители

Stefanija Kuzmanovska

Невладините му испорачаа на Пендаровски барања за почиста средина

Ивана Рамаданова

Заев на средба со лозари во Неготино: Го решивме проблемот со долговите од винариите

Спасовски: И во оваа нова реалност не ги запревме капиталните инвестиции

Димитриеска Кочоска е разочарана од опструкциите во Министерството за финансии