МАКЕДОНИЈА

И по санцијата на дефектот, делови од Тетово сè уште без вода

Јавното комунално претпријатие „Тетово“ објави дека по интензивна работа заврши санирањето на дефектот на водоводната мрежа поради пукната цевка Ф300 на улицата „Цветан Димов“ во Тетово. Сепак, утрово во Тетово сè уште нема вода во дел од домаќинствата, а според неофицијални информации појавени се нови проблеми и дефекти во водоводната мрежа, за што податоци се очекуваат во текот на денот од раководството на ЈКП „Тетово“.

Поради големиот дефект, околу 60 отсто од градот се соочи со прекин во водоснабдувањето. Повеќе од 12 часа беа потребни да се санира дефектот и имаше прекин во водоснабдувањето во градот. Откако ја почнаа вчера во 11.30 часот, работниците на ЈКП санацијата ја завршија околу полноќ, по што поголем дел до домаќинствата добија вода за пиење.
Градоначалничката Теута Арифи на Фејсбук објави дека вработените од единицата Водовод и канализација при ЈКП „Тетово“ работеле 12 часа нонстоп во услови на пороен дожд за да го отстранат големиот дефект во водоводот на Ф-300 на главната водоводна мрежа на Тетово на улицата до Полициската станица во Тетово.

-Како резултат на овој дефект, поголемиот дел од градот Тетово остана без вода за пиење. Сакам да им се заблагодарам на овие луѓе за нивната неуморна работа која траеше до доцните ноќни часови и која ни овозможи нам, граѓаните, повторно да имаме вода, со оглед на фактот дека сме во летната сезона и во пандемија, кога водата е примарна и суштинска потреба, Им благодарам на граѓаните за трпеливоста, солидарноста и разбирањето кои ги имаа во текот на денешниот ден во периодот без вода за пиење, но најмногу на посветеноста и максималната жртва на работниците во ЈКП „Тетово“ за да го вратат во функционална состојба системот за водоснабдување на Тетово, напиша Арифи на Фејсбук.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Хиперамонемија

Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски е во самоизолација

Царински премин Кула: Запленети 12 килограми хероин кај двајца Македонци

Никола Поповски

Бочварски: Се прави дезинфекција на автобусите и останатите превозни средства во кои се превезуваат текстилните работници и работнички

СДСМ: Владата инвестираше во 44 нови градинки и сместување за 3.000 деца низ целата држава

Јурова: Може да се направи повеќе за валдеењето на правото во земјите на Западен Балкан