МАКЕДОНИЈА

Идната недела медицински тимови од Шведска и од Словенија во државава, најавена помош и од Германија

Во првата недела од август преку Механизмот за цивилна заштита, а по барање на Министерството за здравство, во државава ќе пристигне медицински тим од Кралството Шведска, во чиј состав ќе бидат десет медицински сестри и еден лекар. Во најава е и пристигнување на медицински тим од Република Словенија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат на товар на Министерството за здравство.

За ова директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски ги информирал членовите на Главниот координативен кризен штаб за спречување на внесување и ширење на вирусот Ковид -19, кој на 24 јули го одржа 103. состанок, а чиј записник вчера го усвои Владата во рамки на 78.седница.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, информирал дека од Берлин е најавена соодветна помош (медицински персонал, лекови, заштитна опрема, респиратори итн.) за сите држави од регионот.

Записникот од 103.состанок на Главниот координативен кризен штаб се однесува на обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Ковид-19.

Поврзани вести

Заев ги повика судиите и обвинителите да испорачаат правда: ВМРО-ДПМНЕ и нивните инсталации веќе не ви можат ништо

Александар Тодески

МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците, регулирани со колективен договор, или договор за вработување

Влатко Зорба

Шеќеринска демантира: Нема никаков договор меѓу Министерството и Анѓушев, компанијата ЕДС не е во негова сопственост

Никола Поповски

МЗ: Еден од приоритетите е постапката за обезбедување и дистрибуција на 65 нови санитетски возила

Никола Поповски

Седница на Советот за безбедност кај Пендаровски

Александар Петровски

Адамчевски: Да лежиш само еден ден на Инфективна ќе сфатиш колку е страшно

Влатко Зорба